Актерот Дејан Лилиќ ќе стане татко?

Дејан Лилиќ за прв пат ќе стане татко. 38-годишниот актер и директор на МНТ наскоро ќе ја добие можеби најубавата улога во животот, онаа на татко, затоа што очекува дете со Љубица, на која пред неколку месеци и ја побара раката по три и полгодишна врска, пишува Вечер

Вчера не успеавме да добиеме потврда од него за оваа убава вест и за проширувањето на неговото семејство, затоа што не одговараше на повиците, но добро упатените во приватниот живот на Декса, како што го нарекуваат, тврдат дека е многу среќен поради приновата. Неговата избраничка, според изјавите на блиски пријатели на кои им ја соопштил среќната вест, е во третиот месец од бременоста, а бебето треба да дојде на свет напролет.

Актерот кој не милува да ја дели интимата со медиумите откри дека се свршил дури неколку месеци откако ја побарал девојката за сопруга, се се случило на почетокот на летото на роденденот на неговата избраничка. Тогаш тој и го поставил клучното прашање како она во неговата улога во Хамлет - "Да се биде или не", односно "Сакаш ли да ти бидам маж?".

23.10.2013 - 23:43

најчитано сега