Светот згрозен: Ја турна старицата среде улица и без срам си замина, но се сврте да погледне како паѓа и со глават удира во хидрант

 

Полицијата во Њујорк уапси 31- годишен маж кој без никаква причина турна и повреди 92- годишна жена .

Тоа не е негово прво апсење, полицијата наведува дека е приведуван неколку пати и дека е регистриран како сексуален престапник.

Вознемирувачкиот напад го снимила надзорната камера, а видеото го обиколи светот и наиде на многу осуди.

Откако ја турна жената која се движеше на улицата, не превзема ништо. Старицата падна и се удри со главата во хидрант, а тој мирно си го продолжи патот гледајќи ја како се мачи за живот.

Во интервју старицата рекла дека не можела да повредува дека некој би можел да направи такво нешто.

„Тој само се сврте да ме види како паѓам на земја и не направи ништо, можеше да ме убие“ рекла таа.

Таа додала дека имала маска на лицето и не можел да види која е туку само ја видел како совршена жртва над која може да се иживува.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега