По три месеци во Шпанија пристигнаа првите туристи

По три месеци во Шпанија денеска пристигнаа првите туристи откако владата дозволи влез на странци на Балеарските острови, но остатокот од земјата останува затворен поради коронавирусот.

Туризмот во Шпанија беше забранет од прогласувањето на вонредната состојба на 14 март.

Балеарските острови се сместени во Средоземното море – Мајорка, Ибива, Менорка, Форментера и Кабрера се традиционално летувалиште за гостите од Германија. Шпанската влада ги отвори аеродромските линии меѓу Германија и Балеарските оствори за да спаси илјадници работни места на островите.

На аеродромот Палма де Мајорка во понеделникот слета првиот авион од Диселдорф со 180 патници.

„Сите беа среќни во авионот“, им рече на новинарите Керстен, Германка која има куќа покрај местото Манакор на Мајорка. Многу патници дојдоа во рамки на аранжман купен кај туристичката агенција ТУИ кој вклучува лет и хотел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега