СДСМ: „Форбс“ не направил листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемија
Секој ден нова лага. ВМРО-ДПМНЕ со право го носи епитетот извор на лажни вести. Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации, велат преку соопштение од СДСМ.
„Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс“ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс“.
Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс“ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата.
Интересно е тоа што оваа листа е објавена уште во април и оттогаш до сега објавени се бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците.
Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, се знак дека оваа партија е западната во голем очај.
Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести. За таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните.“велат преку соопштение од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа