Кривична пријава за Вељко- се степал во родното место на Богдана

Вељко Ражнатовиќ вчера попладне се степал со 36- годишниот К.С пред семејната куќа на Богдана во Тител после вербална расправија, па завршил во полиција.

Според неговата изјава за надлежните, тој се обидел да спречи инцидент и ги замолил луѓето кои биле со К.С, да не прават проблеми и да не вреват бидејќи во куќата му спие бебе, меѓутоа како што навел, ситуацијата ескалирала и дошло до тепачка. После инцидентот полицијата го сослушала Вељко и останатите, а К.С бил пренесен во болница каде му се констатирани полесни телесни повреди.

По налог на Основното јавно обвинителство против Вељко ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилно однесување“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.06.2020 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега