Се верува дека неколку видови на цвеќиња во домот носат љубов, пари и среќа

Цвеќињата не се само украс во домот. Според верувањата, некои цвеќиња можат да ви го променат животот, да прививлечат љубов, разбирање, пари, среќа… Се верува дека овие пет билки имаат магични способности и буквално можат да направат чуда. Ставете една од овие билки во вашиот дом и ќе бидете изненадени од пријатните промени кои ќе почнат да се случуваат.

Темјанушка

Овој цвет е погоден за оние кои веќе се во брак, но доживуваат привремени потешкотии или само сакаат да ги избегнат. Темјанушката симболизира лојаност, верност, наклонетост. Со оваа билка во домот нема да се плашите од неверство.

Спатифилум

Оваа елегантна билка со сложено име се преведува како „женска среќа“, па со самото тоа и ефектот зборува сам за себе – носи љубов и внимание од околината и луѓето кои живеат со вас, го зајакнува семејството, привлекува љубов и им носи добро здравје на жените.

Хибискус

Кинеската роза позната како хибискус, како што верува народот во Азија, нема да дозволи љубовта и страста да исчезнат со децении.

Красула

Оваа билка се нарекува дрво на парите, и тоа не напразно. Според Фенг-шуи, билката носи пари во домот, привлекува благосостојба и енергија на богатство.

Антуриум

Антуриумот е одговорен за среќа – сè е лесно за сопственикот на оваа билка, добри понуди доаѓаат во вашите раце, а лошите работи се заобиколуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.06.2020 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега