Ахмети: Време е за Албанец премиер, да се обединиме како што бевме обедините во ОНА за време на војната
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец Премиер на Република Македонија преку објавување на видео на неговите официјални профили на социјалните мрежи.
„Дојдено е времето пријатели, да се обединеме, затоа што кога сме обединети се е можно, како што бевме обедините во ОНА за време на војната или при изборот на првиот Албанец Претседател на Собранието, зачленувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори за членство во Европската Унија. Време е, “АлбанецПремиер.“ напиша Ахмети.
06.06.2020 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа