Велешанец направил хаос: Цел камион песок го истурил на сред пат и се обидел да го прегази полицаецот
Вистински хаос предизвикал 43 годишен велешнец во атарот на Башино Село, информира полицијата. Инцидентот се случил вечра околу 19 часот кога полициски службеник го запрел камионот наполнет со песок упрвуван од 54 годишен велешанец во кој се превезеувал и 43 годишниот З.Т. Тој спротивно на наредбите од полицаецот, влегол во возилото и песокот го истурил на сред улица. Потоа се обидел и да го прегази полицискиот службеник. Со крената кипер на камионот почнал да вози по што ги закачил телефонските жици кои се искинале а при тоа искршил и три дрвени бандери по што се упатил по локалниот пат Велес - Башино Село.
Полицијата најавува расветлување на случајот.
23.10.2013 - 12:41