Памела Андресон сака повторно да се венча: „Само уште еден“
Памела Андерсон би сакала повторно да се венча иако досега имаше неколку пропаднати бракови.
Актерката и поранешен модел (52) сака повторно да се обврзе и се надева оти следниот пат ќе биде и последен. На прашање дали сака да се венча, таа во разговор за Њујорк тајмс призна:
„Апсолутно! Само уште една. Само уште еден пат“.
Ѕвездата од „Чувари на плажа“ е задоволна за тоа како поминал нејзиниот љубовен живот и инсистира на тоа дека се венчала само три пати, а не пет, како што многумина мислат.
01.06.2020 - 23:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа