Ангеловска: Ќе има измени во протоколите за кафулињата

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска денеска изјави дека е нормално е протоколите да претрпат измени, но многу е важно и граѓаните и угостителите да ги почитуваат заштитните мерки.

 

Ангеловска нагласи дека угостителите биле вклучени во носењето на протколите, но сепак, мислењето на епидемиолозите е клучно.

– Мора да ги слушаме епидемиолозите зашто здравјето е најбитно. Протоколите е нормално да претпруваат измени, но многу е важно сите да бидеме дисциплинирани и да се заштитме сами, без некој да не критикува или опоменува. Ќе бидеме флексибилни, но кои би биле дополнителните измени на пртоколите ќе зависи и од граѓаните и од угостителите – рече Ангеловска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега