ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче бараат алиби за своето неработење
Виновници за хаосот во справувањето со епидемијата се Зоран Заев и Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска.
Оттаму велат дека мерките кои ги носеа ниту беа навремени, ниту беа издржани.
-Наместо здравјето на граѓаните, приоритет беше политиката и злоупотребата на вонредната состојба. Стручноста на здравствените експерти Заев и Филипче ја згазија со ефтин политички ПР. Новото нормално за Зоран Заев е да бара избори, додека Македонија брои десетици заболени и мртви секој ден. На Зоран Заев не му е битно здравјето на граѓаните туку соствената фотелја. СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го ставија здравјето и животот на граѓаните во опасност со својата неспособност и задоцнети мерки. СДСМ и Филипче постојано бараат алиби за своето неработење, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека СДСМ немаат ниту визија ниту стратегија за справување со корона кризата.
-Секој ден се зголемува бројот на новозаболени и смртни случаи, додека министерот за здравство и владата се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме неспособност, криминал, сиромаштија и огромен број на мртви и заболени, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа