Хенри Кавил повторно ќе биде Супермен?
Варнер Брос и Хенри Кавил почнале разговори за тоа актерот повторно да биде Супермен.
Кавил веќе ја играше оваа улога во три филмови – „Man of Steel“ (2013), „Batman v Superman: Dawn od Justice“ (2016), како и во „Justice League“ (2017).
Британскиот актер изјави дека се уште има многу да покаже како омилениот суперхерој.
Засега последната улога во која имавме прилика да го гледаме е серијата „Вештер“ (The Witcher).
Дали ви се допадна Кавил или не, веста сериозно покажува дека пандемиајта поминува и оти во следниот период во Холивуд големите филмови повторно ќе се снимаат.
29.05.2020 - 21:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа