ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Комисијата за заразни болести
ВМРО-ДПМНЕ објави „факти на денот“. Според партијата, зголемувањето на бројот на заразени е фијаско на министерот за здравство, Венко Филипче.
1. Морбидно е што СДСМ зборува за избори во ситуација со 52 заразени и 4 починати, веднаш треба разрешување на Комисија за заразни болести
2. Ден Дончев незаконски се стекнал со 130.000 долари, ЈО на Русковска го штити
3. Молкот на Нина Ангеловска и паушалните одговори од Богоев потврдуваат дека ГУП-от во Трнодол се менува за да се офајди и збогати Ангеловска
4. Зголемувањето на бројот на заразени е фијаско на Филипче, не се граѓаните криви за неговата неспособност
5. Владата не ги заштити граѓаните и тераше ПР и предизборна кампања, сега ги обвинуваат Чулев и граѓаните за хаосот кој СДСМ го создаде
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа