Маката ги натера да разговараат: Болеста на принцот Чарлс ги смири Хари и Вилијам
Веќе некое време се пишува за лошиот однос меѓу принцовите, Хари и Вилијам. Сепак, браќата, наводно, повторно почнале да комуницираат, а причина за тоа била здравствената состојба на принцот Чарлс, кој се борел со коронавирусот.
„Имаше големи расправии меѓу двајцата, но работите се подобрија и знам дека тие повторно се слушаат по телефон и видео повици. Тие се слушаат едни со други на родендени на семејството, а мислам дека болеста на принцот Чарлс ги натера да започнат повторно да зборуваат“, рекол извор од кралското семејство, Кејти Никол.
Покрај тоа, таа додала дека на Хари почнал да му недостасува домот, и токму тоа е причината зошто ова било вистинското време да се воспостави врска со неговиот брат, а наводно и нивните сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл ги закопале „воените секири“.
„Мислам дека имаше олеснување од обете страни кога таа драма запре. Хари и Меган продолжија со нивните животи, додека на Вилијам и Кејт навистина им недостасува Хари да биде во нивна близина“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа