ФОТО: Маж кој бил жена носи дете со манекенка која се родила како маж - „Љубов е љубов“

 

Колумбиската трансродова манекенка, Дана Султана, која е родена како маж, а се претставува како жена, на социјалните мрежи споделила фотографии со својот сопруг Естабан Ландрау, кој е роден како жена и моментално е во осмиот месец од бременоста.

„Љубовта е љубов“, ја започнала Дана својата исповед на Инстаграм, каде ја следат 219 илјади корисници.

Бебето го зачнале по природен пат, бидејќи двајцата ги задржале органите со кои се родени, пренесуваат локалните медиуми.

Естабан неодамна имал болки и мислел дека ќе се породи порано од предвиденото, но во болница го увериле дека неговите симптоми се сосема нормални.

Објавиле и дека ќе станат родители на момче кое ќе се вика Арие.

„Ова е прекрасно, им давате надеж на стотици трансродови лица“, напишал еден од нивните многубројни фанови.

 
 
 
View this post on Instagram

#LoveIsLove #transpregnancy

A post shared by Ðanna Sultana (@dannasultana) on May 3, 2020 at 2:19pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега