Анкета: Кои физички и карактерни особини кај жените се најпривлечни за мажите?

 

 

Во анкета на својата група на Фејсбук „She said, He said“, Луен Ворд побара од машките членови да ги оценат квалитетите кои ги сметаат за најпривлечни кај потенцијалните партнерки.

 

Според резултатите од таа анкета, мажите најмногу ги привлекува искреноста и самодовербата, но и тоа кога жената знае добро да се забавува.

 

Искреност е прва со 21,3 отсто од гласовите, а следува самодовербата со 20 проценти. На третото место се најде разиграноста, за што гласаа 18 отсто од мажите.

 

Остатокот од листата го сочинуваа особини како позитивен дух, љубезност, верност. Потоа следуваат амбиција, емоционална и академска интелигенција.

 

Од физичките карактеристики, очите и насмевката се на првото место, а потоа следуваат задникот, градите и нозете.

 

Ворд инсистираше на искреност во пополнувањето на анкетата.

 

-Ништо не е лошо доколку некој каже дека сака да гледа задник или гради. Физичката привлечност е важен дел од врската зашто некој не ве привлекува физички мали се шансите воопштоо да сакате да подобро да ја запознаете таа личност, вели таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега