Пет знаци дека ваша врска нема да успее

 

Љубовта не е доволна – предупредуваат постарите, поискусни и помудри. И, навистина е така.

Експертите истакнуваат дека следните знаци покажуваат дека вашата врска нема иднина дури и ако го сакате партнерот.

Лутење

Сите понекогаш се караме со партнерот и тука нема ништо лошо. Но, ако после кавга со денови сте лути и не зборувате со партнерот тоа е лош знак. Никој не сака да признае дека згрешил но тоа е неопходно за да врската опстане. Важно е да се повлечете, извините, да ја оставите гордоста на страна, а не да се дурите со денови.

Непрекинати кавги

Ако се карате, дури и за ситници, има малку шанси да ви опстане врската за каква и љубов да станува збор. Константните кавги ја исцрпуваат и убиваат и најјаката љубов.

Премногу извинувања

Ниту премногу извинување не е добро бидејќи укажува на нездрава динамика на врската. Наместо „да го купувате“ мигот на партнерот и да туркате нерешени работи под тепих, важно е отворено и искрено да разговарате и по потреба да направите компромис.

Одбегнувајте негативни мисли

Непријатните емоции и искуства се составен дел од животот. Ако вашиот партнер не умее да излезе на крај со нив, тоа не е добар знак за врската. Ако пие или е агресивен кога ќе се соочи со непријатни настани разговарајте со него и охрабрете го да побара стручна помош.

Нема нежност

Нормално е со текот на годините страстите да бледнеат, но ако партнерот повеќе не ви е сладок, тоа не е добар знак. Секојдневните знаци на приврзаност, како прегратки, мазење и шепкање ја чуваат врската од искушенијата на секојдневието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега