ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лаже граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции!

 

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Благој Бочварски.

 Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело.

„На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори.

Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо.

Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар.

На лагите очигледно им нема крај.

Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни прокети, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат. Граѓаните знаат кој градеше во Македонија.

 Граѓаните од Република Македонија од СДСМ добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција.

Граѓаните ги прочитаа СДСМ, кога и да се изборите овие купишта лаги ќе завршат. 

 

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира подобра инфраструктура, повеќе инвестиции, и подобри услови за граѓаните“ велат во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега