Руски лекари со лоши вести: Повторна инфекција со коронавирусот е можна дури и кај оние пациенти кои развиле имунитет
Повторна инфекција со коронавирусот е можна дури и кај оние пациенти кои развиле имунитет кон вирусот, тврдат руски лекари кои лекувале лица со СОВИД-19.
Евгениј Шиато, шеф на работната група за сузбивање на коронавирусот во Санкт Петербург, тврди дека податоците што им се на располагање укажуваат дека инфекцијата со вирусот е можна дури и откако лицето веќе е заразено, пренесува ТАС.
Шиато изјави дека денес е познато дека се потребни меѓу 100 и 120 дена за да се здобијат со имунитет на вирусот, што во теорија значи дека постои можност за повторно инфекција во овој период .
Дури и кога некое лице има прележано коронавирус и има високо ниво на антитела, тоа не значи дека тој секогаш ќе биде заштитен од повторна инфекција, посочи овој руски лекар.
Јаков Накатис од Клиничката болница „Соколов“ бр. 122, кој лекува пациенти со КОВИД-19, смета дека имунитетот на коронавирусот може да биде сличен на имунитетот на грипот, од кој вакцината незаштитува засекогаш. Накатис истакна дека степенот на имунитет не зависи од сериозноста на симптомите на болеста и дека зависи само од среќа дали некое лице повторно се зарази или не.
Слично мислење има и Сергеј Петров од Градската болница „Свети Елизабета“ во Санкт Петербург, кој смета дека можна е повторно инфекција и дека коронавирусот, како и секој друг вирус, може лесно да мутира, и тогаш стекнатиот имунитет веќе не би обезбедил заштита.
Во Русија, 362.342 лица се заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата, закрепнати се 131.129 пациенти, додека 3.807 починале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа