Филипче: Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија.

Оваа одлука, соопштија од Министерството за здравство, е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. 

Од работни обврски остануваат ослободени хронично болните и родителите на деца до 10 години, информираше министерот за здравство и апелираш да продолжат да се почитуваат мерките.

-Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките. Тие остануваат на сила и следува казни за секое нивно непочитување. Да носиме здолжително заштитна опрема, често да ги миеме рацете, како и да ја одржуваме потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Вирусот е уште тука, да бидеме внимателни, напиша Филипче на Фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега