Нови правила: Што треба да знаат оние кои планираат да одат во Грција со автомобил

Секој што ќе реши летово да патува во Грција на море, мора да знае дека не може да влезе во оваа земја ако има повеќе од двајца возрасни во автомобилот (возач и еден патник). Ова се најновите здравствени регулативи на грчкото Министерство за туризам!

Единствен исклучок ќе бидат семејствата со малолетни деца, кои ќе можат да патуваат заедно. Пропишани се и строги мерки за автобуси, во кои бројот на патниците ќе се намали за 50 проценти, односно секое второ седиште ќе мора да биде празно, пишува Курир.рс.

За работите да бидат уште полоши, туристите ќе мора да носат заштитни маски за време на патувањето, а климатизација во автобусите нема да биде дозволено да се вклучи.

Според новите грчки регулативи, патниците во автобусите ќе седат сами на две места за да ја почитуваат „социјалната дистанца“.

Така, на автобусите со 50 места ќе им биде дозволено да превезуваат максимум 25 патници, додека на автобусите кои имаат горен спрат ќе им биде дозволено да превезуваат 35 наместо 70 патници.

Исто така, во автобусите е пропишано да се носат заштитни маски за време на целото патување. На вратата мора да се обезбеди дезинфекција за патниците и персоналот и се препорачува инсталирање на екраните Плексиглас за да ги задржат возачите целосно одвоени од патниците.

Според новите регулативи, на возачите на автобуси нема да им биде дозволено да ги вклучуваат климатизерите, но возилото ќе биде природно проветрено со отворање прозорци или подвижни покривки во текот на целиот пат.

Можеме само да замислиме како ќе изгледа во јули и август кога температурата ќе достигне и над 30 степени ноќе.

Ригорозните мерки ќе треба да се почитуваат и во комбиња и минибуси. Според прописите, со возила кои имаат седум места, максималниот број патници ќе биде два плус возачот!

Возилата со девет седишта ќе можат да примат уште тројца патници покрај возачот. Нема сомнение дека ваквите ограничувања на патувањето значително ќе ја зголемат цената на туристичките аранжмани за Грција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега