Шилегов за трансплантацијата на срце: Еден човек, продолжил три туѓи животи, најголема почит за него

„Успешно извршена првата трансплантација на срце! Од истиот донатор на органи, во моментов се врши трансплантација на два бубрега! Еден човек, продолжил три туѓи животи! Најголема почит за него (неа) и семејството“, пишува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Најголема почит за нашите домашни лекари и медицински експерти. Историски успех на македонското здравство. Респект за тимот. И за Венко! Вистинско време да се размисли за суштински реформи во општеството.

Да ги вратиме вистинските вредности, вистинските луѓе, на вистинско место“, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега