Дино Мерлин доби внук- познато како ќе се вика бебето
Регионалната ѕвезда Дино Мерлин, стана дедо. Тој го добил својот прв внук пред неколку дена, откако се породила сопругата на неговиот син Хамза. Бебето ќе се вика Незир, потврдиле членови на семејството за босанските медиуми. Момчето го доби името на неговиот прадедо, таткото на сопругата Џенета Табаковиќ -Дервишалидовиќ .
„Мајката и бебето се веќе дома и се чувствуваат добро. Честитки до семејството доаѓаат од сите страни“, рекол изворот.
Синот на Мерлин, Хамза, лани се ожени со Џенета, а нивната љубов трае уште од средно училиште. Тие беа во врска седум години.
22.05.2020 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа