ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за ситуацијата со корона вирусот се со главата во песок
Денес СДСМ излезе со прес конференција која е дел од рубриката верувале или не, со која се фали за начинот на справување со здравствената криза, стои во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едно нешто е очигледно – или не се информирани или се со главата во песок.
За каква координираност во здравствениот систем зборуваат?!
Нека ја извадат главата од песок и ќе видат дека само за едно деноноќие има 40 новозаболени. Оваа бројка покажува дека се им е надвор од контрола.
И не само новозаразени, туку повторно има и зголемување на бројката на починати.
Прес конференциите на владеачката партија, партијата која ја предводи владата веќе не се ни смешни, туку се повеќе трагични. На вакви бројки Заев турка на сила избори, со тоа народот го турка во гилотина“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа