ВМРО-ДПМНЕ: Не се согласуваме со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд

 

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака?

ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам. На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права.

Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога.

На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните.

 

Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување.“ се вели во партиското соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега