Арсовски: На СДСМ им е важна иднината на канабис бизнисот, а не здравјето на граѓаните
Оваа Влада предводена од СДСМ е најштетната Влада што воопшто ја предводела Република Македонија, рече на прес конференција, Димче Арсовски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа Влада предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче не ја интересира ниту здравјето на граѓаните, ниту пак иднината на државата. Оваа Влада ја интересира единствено бизнис иднината на соработниците на кланот Заеви.
Јавно прашуваме уште еднаш. Зошто се молчи цела недела за доделените лиценци за фирмите ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС и ЛАЈТИНГ ЛУКС, фирми каде менаџмент и сопствеништво се семејството на осуденикот за шверц Боро Стојчев од Ново Село и претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев?
Дали е вистина дека Владата на фирмите им доделила лиценци уште пред 1 месец, а објавена е одлуката во Службениот весник неколку недели подоцна, што е директно прекршување на законите?
Еве, јавно прашуваме да одговорат службите од Владата, дали конечно ќе се одважат ЈО, Антикорупциската Комисија и Уставниот суд да отворат случај за оваа спорна одлука на Владата каде што во време на пандемија и сериозна криза од корона заразата се делат лиценци за одгледување на марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви“ рече тој.
Арсовски потенцираше дека на СДСМ единствено им е важна иднината на канабис мафијата и да цвета бизнисот на сите блиски луѓе до кланот Заеви и за криминалот и корупцијата одговорност мора да има и ќе има веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.
На новинарско прашање да даде коментар во однос на изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во однос на датумот за избори, тој рече дека организирање на избори за време на пандемија е неодговорно.
„ Морам да потенцирам дека гледајќи ги бројките кои што се појавуваа во однос на медиумите во однос на ново заболени и ново починати можеме да утврдиме дека пандемијата не само што не е стивната, туку пандемијата и сериозно се разгорува. Бројот на починати ја надмина бројката од 100, а секојдневно рапидно се зголемува и бројот на заболени од корона вирус. Тука се покажува дека барањето на СДСМ за брзи избори е една одлука на незрели политичари односно барање на незрели политичари на кој што пред се им е личниот интерес и обидот да го намалат поразот, а воопшто не им е гајле за здравјето на граѓаните. Иако се прават мал број на тестирања мора да се потенцира дека секојдневно бројот на новозаболени во однос на бројот на тестирани е над 10% што уште еднаш покажува дека нема никакви услови за организирање избори и покажува дека треба да бидеме насочени кон решавање на овој проблем со корона пандемијата, потребно ни е трезвено размислување, не ни е потребно да гледаме единствено личен партиски интерес и интерес на одредени луѓе кои што се обидуваат да си го намалат поразот и да ја спасат кариерата и треба единствено во овие моменти да мислиме на здравјето на граѓаните. Организирање на предвремени парламентарни избори во момент на пандемија односно во време на пандемија која секојдневно одзема животи е еднакво на организирано убиство на граѓаните. Ние не сме како СДСМ нема да го ставиме личниот интерес на партијата пред здравјето на граѓаните, напротив за нас здравјето на граѓаните е најважно така да насочени сме кон она што е приоритет во овие моменти, тоа е да државата и граѓаните се спасат од оваа пандемија која што одзема животи и предвремени парламентарни избори ќе има во момент кога ќе се создадат услови за нормални избори каде што нема да броиме човечки жртви и ново заразени.
Во контекст на коментарот на портпаролот на СДСМ во делот за организирање на избори каде што секако ќе не има на гласачкото ливче морам да потенцирам дека ова е сериозна работа организирање на избори дека не можеме да лицитираме со такви сериозни одлуки во делот на насилно одење на избори, морам да потенцирам дека по тоа прашање веќе беше јасен и во вчерашното излагање претседателот Мицкоски каде што јасно и гласно кажа кој е нашиот став во однос на одење на избори сега во јуни по желба на СДСМ.
Она што можам да го кажам е дека здравјето на граѓаните сепак ни е најважно, а не како СДСМ и личниот интерес на Зоран Заев“ рече Арсовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа