Холивудските ѕвезди се разведуваат по една деценија брак: „Не сакам да ја загубам“

Во последната епизода од неговиот подкаст актерот Брајан Остин Грин потврди дека тој и Меган Фокс се разведуваат. Објаснува дека тој и актерката од франшизата „Трансформери“ тргнале на различен пат кон крајот на минатата година, но фановите дури сега дознаваат за нивниот развод зашто актерите се договориле да не ја коментираат својата врска.

-Сакав тоа да излезе од мојата уста. Сакав луѓето да чујат сѐ од мене, објасни Брајан, додавајќи дека Меган сега ја поврзуваат со раперот Машинг Ган Кели.

Тој продолжува да го опишува почетокот на крајот на нивната врска, зашто сака луѓето да ја разберат нивната одлука за развод.

Брајан открива дека Меган минатата есен била 5 недели на снимање филм и оти тогаш сонувал дека се раздвоени.

Следниот ден и се јавил за да и раскаже, а таа била „шокирана“ од случувањата во сонот, но бил уверен дека „сѐ е во ред“.

Меѓутоа, вели дека по нејзиното враќање дома се однесувале речиси идентично како во сонот и оти одлучиле да се раздвојат.

Брајан рече дека ова е голема промена за двајццата и призна дека по 15 години врска, а деценија брак со Меган нивниот развод може да биде непријатен.

-Секако и после тоа не сакам да ја загубам Меган како своја пријателка, вели актерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега