Арсовски: На Владата приоритет и е канабис мафијата, место здравјето на граѓаните

 

„Пет дена Заеви молчат за скандалозното доделување на лиценци за одгледување марихуана при прогласена вонредна состојба. Ова е најголемата канабис мафија која што може да ја има и да ја поседува една држава.Филипче под палката на Заеви додели 2 лиценци на фирми во кои менаџмент и сопственици се синот на осуденикот за шверц и другар на Заеви – Боро Стојчев односно Боро Малборо, името на синот на Боро Стојчев е Перо Стојчев, како и останатиот дел на менаџментот односно сопствеништвото синот на претседателот на Ново Село СДСМ, Христијан Котев и неговата тетка Славица Котева“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, пет дена молчење впрочем ги објаснува постапките на СДСМ и на Заеви. Тоа значи дека се фатени живи во скандалозна одлука која се однесува на сериозна корумпираност на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба при пандемија на корона зараза.

„Во време на вонредна состојба кога граѓаните се исплашени за своето здравје и економската криза и мака мачат со целата криза, Заеви и Филипче си делат лиценци за марихуана на свои блиски луѓе и мислат единствено на бизнис и заработка.Ова е веќе втора фирма и лиценца за марихуана во семејството Стојчеви, кај Боро Стојчев претходниот градоначалник на Ново Село, покрај фирмата ЦМД Медплант за која што обзнанивме претходно дека доби лиценца.

Очигледно или Боро Стојчев многу ги има задолжени семејството Заеви за да го прават ова во вонредна состојба или пак и Заеви имаат некоја поврзаност со овие фирми. За ова сепак треба да одговорат од СДСМ, наместо да молчат 5 дена за овој скандал.Канабис мафијата е приоритет на оваа Влада предводена од СДСМ во време на вонредна состојба. Секоја една Влада во светов во моментов мисли единствено на здравјето на своите граѓани, само Владата на СДСМ, Филипче и Заеви приоритет и е доделување лиценци за одгледување марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви.Уште еднаш ги повикуваме институциите, ДКСК, Уставен Суд, ЈО, да ја преиспитаат оваа одлука донесе на Владата за доделување на лиценци за одгледување на марихуана во период кога е прогласена вонредна состојба.Како што рековме во СДСМ воопшто не е приоритет здравјето на граѓаните, туку приоритет е да цвета бизнисот на канабис мафијата.За сите криминални и коруптивни одлуки на Владата на СДСМ, Филипче и Заеви мора да има одговорност. Одговорност ќе следи веднаш штом дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт“, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега