Драма во скопско Бардовци - крадец на кокошки заврши во болница

Вистинска драма се случила во скопско Бардовци, денеска нешто по 15 часот, јавува Канал5. Според инрофмациите кои ги објави телевизијата, еден човек завршил во болница откако во него удрил пикап. До несреќата дошло кога човекот се обидел да украде кокошка од ромската населба. Но сопственикот го забележал и почнал да го брка. Исплашен, крадецот се обидел да ја претрча улицата но на него налетал пикапот. Полицијата излегла на терен а повредениот бил префрлен во болница. Нема информација колку се сериозни неговите повреди.

22.10.2013 - 21:05

најчитано сега