Италијанскиот фудбалер завиен во црно - прво му почина вујкото од коронавирус, а сега синот му падна од тераса

 

Италија е во шок по смртта на осумгодишниот син на поранешниот фудбалер на Фиорентина, Микеле Басис. Oткако прво неговиот вујко починал поради компликации од коронавирус, сега се соочува со уште поголема загуба, отако животот го загуби и осумгодишниот син.

Тој си играл на балконот во семејната куќа, по што се лизнал и паднал.

Итно бил пренесен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите.

Басис настапуваше за Фиорентина, а своевремено ги бранеше и боите на Џенова. Кариерата ја заврши во 2010 во нисколигашот Арецо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега