Османи: ДУИ е за што побрзо организирање на изборите

 

Вцепремиерот Бујар Османи смета дека претерано одложување на изборите не е во полза на никого, ниту на власта ниту на опозицијата, а неговата партија е за одржување на избори што побрзо ако со тоа не се загрозува животот на граѓаните.

„ДУИ можеби е единствената партија на која датумот за избори не ѝ влијае на исходот од изборите. Воопшто не калкулираме по однос на тајмингот за изборите и затоа цело време се повикувавме на здравствената состојба, на мониторингот итн. Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата ѝ требаат институциите со полна можност за одлучување, со полн политички капацитет. Плус и поради фактот што немаме Собрание“,  изјави Османи.

Утре на лидерската кај претседателот Стево Пендаровски, рече тој, ќе се разговараат сите аспекти околу изборите, а тие ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор на средбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега