ЈСП ќе сообраќа од 5 до 19 часот, се укинува двосменскиот режим
Од понеделник (18.05), јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, односно се укинува двосменскиот режим на сообраќање на возилата.
Сите возила вклучени во јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Возен ред е достапен за преглед на веб страницата www.jsp.com.mk
Од понеделник (18.05.2020 год) почнуваат да работат сите билетарници на ЈСП Скопје и центри за персонализација.
И натаму не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
И натаму, укнати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.
ЈСП Скопје апелира на рационално користење на јавниот превоз и задолжително носење на заштитна опрема при користење на превозот согласно уредбите за заштита од Ковид 19.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа