Избегнете го овој дел од Скопје- Утре целосно затворена Пластичарската улица

Утре од 8 наутро па до 24 часа ќе биде целосно затворена Пластичарската улица во Скопје.

Град Скопје ја известува јавноста дека поради извршување градежни работи, утре (16.05.2020 година, сабота), во периодот од 08 до 24 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен бувеларот Никола Карев (Пластичарска), на потег од крстосницата со улица Самоилова (амбасадата на САД) до влезот во касарната Илинден.

Сообраќајницата ќе биде затворена заради асфалтирање на коловозот, што се реализира во рамки на проектот за изградба на булеварот Никола Карев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега