УНДП: Најмалку 16 % избирачи на северот на Косово ќе гласаат

Според истражувањето  на Програмата за развој на ОН околу 16 отсто од граѓаните изјавиле дека сигурно ќе гласаат на претстојните локални избори на Косово, додека 44 отсто од избирачите се изјасниле дека ќе ги бојкотираат изборите на 3 ноември.

Околу 17 отсто од испитаните граѓани планираат да гласаат, додека 23 отсто кажале дека можеби ќе гласаат.

Овие резултати , според УНДП, се охрабрувачки имајќи ја предвид, како што се наведува, политичката чувствителност и фактот дека изборите северно од реката Ибар се организираат по првпат под покровителство на Комисијата за избори на Косово.

 

Во анкетата се испитани ставовите на косовските Срби кои живеат во општините северно од реката Ибар.

22.10.2013 - 16:49

најчитано сега