Заев: Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка
Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
– Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него, наведува Заев во објавата.
Тој потенцира дека дополнително ќе бидат насочени средства директно кон граѓаните за да ѝ помогнат на домашната економија.
– Тие ќе трошат таму каде што можат да помогнат купувајќи домашни производи, домашни услуги, додава Заев во објавата на Фејсбук.
Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани...
Posted by Zoran Zaev on Thursday, 14 May 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа