ВМРО-ДПМНЕ: Соседите одвојуваат до осум пати поголема помош за стопанството од неспособната владa на СДСМ
Поради неспособноста на СДСМ македонската економија доживува крах, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштение од СДСМ и велат дека владата на СДСМ има одвоено најмалку пари за стопанството во регионот. Додека Србија му помага на стопанството со високи 11 проценти од БДП, Бугарија со 9,9% од БДП, Грција со 5%, Хрватска и Босна со околу 3% од БДП, поддршката од македонската Влада изнесува мизерни 1,2% од бруто домашниот производ.
„Штети од аматеризмот на СДСМ секој ден се поочигледни.
Првичните анкети велат дека околу 100 илјади наши сограѓани добиле привремен отказ или останале без работа. Илјадници наши сограѓани се оставени на улица, а Владата на СДСМ упорно ги прикрива вистинските бројки на наши сограѓани погодени од кризата.
Најновите истражувања на јавното мислење велат дека 25,8 проценти од граѓаните во Република Македонија го изгубиле или познаваат некој кој го загубил своето работно место привремено или трајно.
Граѓаните на избори ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминална влада. Крајот на оваа власт се ближи.“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа