ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните гладуваат, СДСМ се гоштева со бадеми и виски

 

 

Три години Заев владее со хибриден режим. За овие три години СДСМ и Заев донесоа само криминал и сиромаштија, велат во реакција ВМРО-ДПМНЕ на сооптението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека економијата во Република Македонија го допре дното.

„Македонската економија крахира, граѓаните осиромашуваат, немаат ни за леб. СДСМ склучува матни тендери и се гости со бадеми и виски.

СДСМ за првите три месеци од оваа година создадоа буџетската дупка од 120 милиони евра, а за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди.

Во период на пандемија над 33.000 работници од угостителството се времено отпуштени од работа, секое семејство се задолжи за 15.000 денари, а СДСМ стимулира отпуштање на работници и врти милионски суми од криминални тендери.

 

СДСМ за три години успеа македонската економија да ја урниса.“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега