Кузеска: Досега без работа останале околу 8.000 вработени

 

Последна лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека наводно 100.000 работници останале без работа во овој период. Реалноста е сосема поинаква. Според официјални податоци од институциите, од 11 март па до 30 април, досега без работен ангажман останале околу 8.000 вработени, а од нив 3.800 биле со траен работен однос, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа кажа дека мерките за поддршка на економијата даваат резултати и дека тоа го покажуваат и проекциите на Светската Банка според кои Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар во однос на сите земји во регионот.

„Интересот на компаниите е голем. Над 20 000 компании користат или аплицирале за антикризните мерки на Владата за борбата против корона кризата. Над 19.200 компании се пријавени за финансиска поддршка од 14.500 по вработен. Над 1.000 веќе користат ослободување од аконтации од данок на добивка. На 631 компанија со 5.600 вработени им се одобрени бескаматни кредити од COVID-1 линијата од 4.7 милиони евра. За бескаматните кредити од COVID-2 линијата од 8 милиони евра, аплицирале над 1.200 компании“, рече Кузеска.

Таа, исто така, рече дека од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра што е за 16,7% повеќе во однос на претходната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега