Калеска -Ванчева: Наќе Отсјај, кадарот на неинформираниот Мицкоски злоупотребува државни ресурси за пропагандни видеа
„Кадарот на Христијан Мицкоски, министерoт за внатрешни работи, Наќе Чулев продолжува со несериозно и неодговорно однесување во време на сериозна здравствена криза.
Додека припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наводно се загрижени за здравјето на полицајците, Чулев ги ангажира за пропагандни видеа“, вели Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ.
„Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај.
Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО.
Но тука не завршува неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски вчера јавно тврдеше дека дека да не е информиран за тоа што неговиот министер Наќе Отсјај снимал спот.
Зарем Мицкоски не гледал вести, не чита портали, и не знаел дека снимањето на спотот во време на полициски час беше една од главните вести во медиумите?
Ако навистина е така, тогаш Мицкоски е уште понеодговорен. Толку неинформиран човек не може да претендира за ништо во политиката, а најмалку да стане премиер.
Одамна е јасно дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни граѓаните, никогаш не биле важни институциите. Важен им е само личниот и партискиот интерес.
Свесни за тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од соочување со граѓаните и со право се исплашени од новиот пораз што им следува на избори.
Граѓаните одново ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа