На Џон Ф Кенеди му носеле девојки во гепек

 

Книгата на Сара Бредфорд за животот на сопругата на Џон Ф. Кенеди, открива многу детали кои ја шокираа светската јавност.

Авторката на книгата “Американската кралица: Животот на Жаклина Кенеди Оазис“, истакнува дека “Џон Ф. Кенеди бил непоправлив швалер кој имал големи сексуални апетити. Кенеди сфатил дека може да ја има секоја жена која ќе ја посака, но чуствувал грижа на совест.

Агентите му носеле девојки со кои приредувал забави во Белата куќа, а една од нив признала дека ја донеле во багажник на автомобил за никој да не ја види. 

- “Тоа е посилно од мене. Добивам мигрена ако секој ден не ми донесат некое ново добро парче“, ја оправдал ситуацијата господинот Кенеди.

Сепак, големиот љубовник тврдел дека неговата сопруга е единствена жена која му значела нешто во животот.

22.10.2013 - 13:27

најчитано сега