УЈП не бира - затворени објекти на даночен инспектор

Управата за јавни приходи утврди дека 60 деловни објекти во градовите Скопје, Прилеп,  Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци, не издавале фискални сметки и им ги ускратиле правата на граѓананите кои купувале во нивните деловни објекти. 

Даночните контролори од Гевгелија затвориле два угостителски објекта во сопственост на семејство на даночен инспектор од Битола.

- Токму мобилноста и делување на даночниците надвор од месноста каде живеат овозможува и објективно делување на инспекциските служби на УЈП, мерка која изминатите години се покажа ефикасна посебно кога станува збор за обиди на локални моќници и вработени во УЈП да ставаат под заштита одредени бизниси, вклучувајќи ги и бизнисите раководени од членовите на нивното потесно семејството, се вели во соопштението од УЈП.

Управата за јавни приходи уште еднаш потврди дека услужната дејност е една од најризичните.

- Секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање. Неиздавањето фискална сметка, подразбира и дека граѓанинот нема потврда оти купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права - за враќање или рекламација на купеното, укажува УЈП.

22.10.2013 - 13:02
Фото: 
А1.он

најчитано сега