Голема полициска акција во Италија - запленети 200 килограми марихуана
Во голема полициска акција во Италија биле запленети 200 килограми марихуана прошверцувани од Балканот. Италјанската полиција уапсила 17 лица кои се осомничени за учество на меѓународната трговија со наркотици.
Ова било дел од акцијата насловена „Еленика“, а според албанските медиуми била реализирана во Италија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Целта била да се разбие организација која делувала во неколку земји, а досега прошверцувала стотици колограми хероин и марихуана.
Истрагата била спроведна со поддршка на Европол, а во соработка со албанската, косовската, босанската, словенечката и хрватската полиција.
22.10.2013 - 12:57