„Брима Галуп“: Политичарите во Македонија се најмалку корумпирани
Најновото истражување на агенцијата „Брима Галуп“ покажува дека Македонија е една од земјите на Балканот каде има најмалку корупција меѓу политичарите и државната администрација, пренесе Курир.
Заедно со Македонија, во групата земји каде има најмалку корупција на Балканот се вбројува и Црна Гора, додека највисок степен на корупција е забележан во Србија.
По Србија каде 84 отсто од граѓаните одговориле дека нивните политичари и државната бирократија се длабоко корумпирани, следува Албанија со 82 отсто, па Словенија со 76, Бугарија со 75, Хрватска со 74 отсто.
Најлошо рангирана на листата е токму Босна И Херцеговина, а од останатите земји околу Балканскиот полуостров, висок степен на корупција е нотиран во Романија, па Унгарија со 79 отсто, Словачка со 71, и Турција со 53 отсто.
Инаку, резултатите се добиени од интервјуа со околу 1000 кандидати кои одговарале на прашања поврзани со корупцијата.