Елена Ристеска со фотографија стара 22 години се прости од Драган Вучиќ

 

Македонските јавни личности со статуси на социјалните мрежи се простија од македонската легенда Драган Вучиќ кој почина како последица од коронавирус.

Една од нив беше и пејачка Елена Ристеска која од македонскиот водителсе прости така што на социјалните мрежи објави фотографија стара 22 години кога го сретнала Вучиќ во една емисија.

„Ова е 1998 година, уште не бев почната со кариера, имаше во склоп на „Сител бамбини“, избор на најдобра маска, јас бев Касандра. И ете слика со Драган. Се уште сум во шок. Сочувство до семејството, посебно до Мартин. Загуба на родител – какво е чувството не се објаснува“ напиша Ристеска во описот на фотографијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега