Ослободете се од грижата, стресот, депресијата и стравот: Оваа едноставна јапонска метода делува за 5 минути
Иако одредената количина на стрес во нашите животи е нормална и неизбежна, претераниот стрес може да влијае врз вообичаените секојдневни активности, да го намали квалитетот на живот и да го наруши здравјето, пишува “Bright Side”.
Постојат разни методи за намалување на стресот, од кои некои се краткорочни, некои долгорочни, а некои бараат повеќе труд и време. Ние ви претставуваме една одлична јапонска метода која делува веќе за 5 минути, а се сведува на масажа односно стисок на прстите на раката.
Секој прст на раката е носител и претставник на разни емоции:
- палецот помага во борбата со емоциите како грижата и тегобите
- показалецот помага во борбата со стравот
- средниот прст помага во контрола на бесот
- домалиот прст помага во борба со депресијата
- малиот прст ги зголемува оптимизмот и самодовербата
За практикување на оваа техника важно е да разберете дека секој од прстите на нашата рака претставува различно чувство или став.
Како функционира?
За да ја усогласите животната енергија во телото, земете го прстот со спротивната рака и замотајте ги сите прсти и палецот околу него. Држете го секој прст една до две минути, а ќе знаете дека делува кога ќе почувствувате пулсирање.
За да го смирите умот, притиснете ја средината на дланката со палецот на спротивната рака и држете најмалку една минута. Вежбајте ја оваа техника секој ден за да останете мирни и повторно да ја воспоставите рамнотежата во вас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа