„Тиквеш“ го освојува пазарот во Велика Британија

Вината на винарската визба Тиквеш дефинитивно го освојуваат пазарот во Велика Британија.  Смедеревка - Ркацители и Вранец - Мерлот се веќе во продажба во 156 продажни места на познатиот синџир маркети „Marks and Spencer“, а се продаваат во високиот ценовен сегмент во Велика Британија.

За пласманот на вината на „Тиквеш“ во познатиот трговски синџир „Marks and Spencer“ во Велика Британија, пишуваше и водечкиот британски весник „The Times“. Во текстот под наслов „Alexander the grape invades M&S“ авторот на текстот правејќи асоцијација на Македонија, пишува за производствотo на вино во  Македонија, потенцирајќи ја долгата традиција на вино производство уште од античко време, стои во соопштението.

ВВ „Тиквеш“ пласира повеќе од 60 отсто од вкупното производство на вина на странските пазари. Освен на пазарите во регионот, вината на Тиквеш се продаваат и на американскиот и на пазарот во Европа. Во завршна фаза се и подготовките за пробив на пазарот во Кина. Само во текот на оваа година вината на „Тиквеш“ на престижни меѓународни натпревари освоија над 40 високи награди и призанија. 

 

22.10.2013 - 12:05
Фото: 
сарма.мк

најчитано сега