Нора Шаќири се прости од Драган Вучиќ: Мирно небо чичко Драгче поздрави го стариот мој, сега ќе се дружите ко у старите добри времиња
Некогашната македонска водителка Нора Шаќири се огласи на Фејсбук по објавувањето на смртта на водителот Драган Вучиќ.
-Ех чичко Драгче
Тие што не те познаваа не добија шанса никогаш да те запознаат за жал
Сите ние што те познававме знаеме каков човек беше
Мирно небо чичко Драгче поздрави го стариот мој, сега ќе се дружите ко у старите добри времиња
Твојата мала Норче - напиша Нора на Фејсбук.
Водителот Драган Вучиќ почина денеска на Клиниката за инфективни болести од Компликации од коронавирусот, потврди министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.
04.05.2020 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа