Пејачот Дарио се прости од Драган Вучиќ: Многу ми е жал, многу, ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде

 

По веста за смртта на водителот Драган Вучиќ многу јавни личности се огласија на социјалните мрежи со пораки преку кои се збогуваа од легендарното лице на македонската сцена.

Еден од нив е и пејачот Дарио Панковски.

-Почина Драган Вучиќ. Име и презиме, мој драг пријател, одличен музичар, автор на безвременски хитови, харизматичен водител и шоумен. Многумина го обожаваа, некои за жал го исмејуваа, но тој прв ја откри вистинската формула за тоа што всушност најшироката популација сака и им го нудеше тоа како вистински професионалец. Искрено се надевав дека засекогаш ќе не расположува со своите бескрајно шармантни и спонтани коментари, но не... Тој е за мене Драгче од мое старо маало, од Млин Балкан, со кој речиси секој втор ден се гледавме на кејот на Вардар на џогирање или пешачење. Сега, секој нареден ден на кеј ќе ми фали неговото: "Еј здраво Дарче, шо праиш, шо има ново?", онака скопски. Многу ми е жал, МНОГУ! Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде. Почивај во мир ДРАГЧЕ друже мој.

Весна, Мартин и Вукле, најискрено сочуство до вас, од срце - напиша Дарио.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега