Вучиќ ќе биде погребан утре, во 13 часот, на Градските гробишта

 

Погребот на познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ, кој денеска ја изгуби битката со коронавирусот ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта во Бутел, информираат од неговото семејство.

Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта.

Од семејството додаваат дека ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со корона вирусот. За сите што сакаат да му  оддадат последната почит, улицата ќе биде затворена од 12 до 14 часот за да можат да се движат соогласно мерките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега