СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ организира навивачки групи за да шири поделби и тоа на гробот на Гоце Делчев
На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице, велат преку соопштение од СДСМ.
„Преку навивачки групи, ВМРО-ДПМНЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посвети на обединување на македонскиот народ. Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување како и работата на медиумите. Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.“ велат во соопштението.
Од СДСМ наведуваат дека исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти.
„Одново се покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на погрешната страна, против интересите на државата, против интересите на македонскиот народ, против интерсите на сите граѓани. “ велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа